Winning entries could not be determined in this language pair.There were 2 entries submitted in this pair during the submission phase. Not enough entries were submitted for this pair to advance to the finals round, and it was therefore not possible to determine a winner.Competition in this pair is now closed. |
Милион пати сум помислил, а неколкупати и сум кажал: човек не треба да се плаши од едноличноста и монотонијата. Зачудувачката леснотија на комуникациите, железниците, телеграфот и телефонот, со коишто се пренесуваат стоки и лица од еден до друг крај на светот, а се пренесуват и се соопштуваат мисли и зборови со брзина на светлината, уште не постигнале, а нема ни да постигнат да нѐ идентификуваат, да нѐ избришат и нема да направат да го изгубиме карактеристичниот печат на кастата, јазикот, народот и племето што секој од нас ги има. Се вели дека за да се заштитиме од бришење, што може да ги измазни и исполира разликите, инстинктивно се наоружуваме за конзервативна доблест на чистота што опстојува во заднина, иако површно како да исчезнува. Она што сега се нарекуваме елита, односно најбогатиот, најотмениот и највисокиот дел од општеството, ни изгледа дека треба да биде космополитски, но сепак не е. Мажите и жените зборуваат толку добро на француски јазик, понекогаш дури и подобро отколку на шпански. Некои знаат да скршат некој збор и на англиски и на германски. Кога читаат нешто, читаат странски книги поради тоа што на мештаните им е здодевно, без да почнеме да се објаснуваме, со разум или без него. Господата, на кои не им недостасуваат благородни камења или симболите што тие ги претставуваат, носат лондонски костуми, коњи и автомобили, а госпоѓите носат француски фустани и фризури. Француската кујна прави да се заборави или напушти шпанската. И на крајот, отмените и од двата пола ретко имаат обичај да летуваат во нашите замоци и вили, туку одат во Франција, Швајцарија, Англија или во пораскошни предели. Кога недостасуваат пари и не можат ја шират лагата , треба да се отплови барем до Бијариц. Но, добро: со сево ова, па и покрај сево ова, нашата елита и натаму е повеќе шпанска за разлика од претходно и не ѝ е потребен автор на комедии и на романи за да се зачуваат локалните и националните бои на таквите поединци, да се бараат под минијатурните општествени слоеви или да се оди кај нив во Батуекас или на далечни планински и тајни места. | Entry #12733 — Discuss ![]()
|
Илјада пати го помислив тоа и неколку пати веќе го изговорив: не треба да се плашиме од единството и монотонијата. Неверојатната леснотија на комуницирање, железниците, телеграфот и телефонот, кои го овозможуваат движењето на стоките и луѓето од еден до друг крај на земјата, и кои ги пренесуваат и соопштуваат мислата и зборот со молскавична брзина, сé уште не успеваат, и никогаш нема да успеат да нé идентификуваат, да нé избледат, ако така може да се рече, и да направат да го изгубиме заштитиниот знак на кастата, јазикот, нацијата и племето кои секој од нас ги има. Би можело да се рече дека, за да се заштитиме од брусењето, кое би можело да ги стилизира и полира разликите, инстинктивно се наоружуваме со конзервативна доблест на чистото кое лежи во позадината, иако површно исчезнува. Она што денес го нарекуваат „висок стил на живеење“, или оној дел од најбогатото општество, елегантно и на врвот, ни се чини дека треба да биде космополитски, а сепак не е така. Мажите и жените зборуваат на француски исто толку добро, а понекогаш дури и подобро отколку шпански. Некои пак слабо го владеат и англискиот, па дури и германскиот јазик. Кога читаат нешто, читаат странски книги затоа што од домашните се досадуваат, без да настојуваме тука да докажеме дека тоа е со причина или не. Господата, ако немаат благородни метали или знаци кои ги претставуваат, порачуваат од Лондон костуми, коњи и автомобили, а дамите порачуваат од Париз фустани и украси за коси. Француската кујна предизвикува шпанската жена да се заборави или да се заведе. И за крај, летната навика ретко ги привлекува во нивните замоци и имоти нашите елегантни луѓе и од двата пола, а почесто ги води до Франција, Швајцарија, и Англија, или до посеверни региони. Кога конецот е краток и не може да се оптегне мамецот, мора да полета барем до Бијариц. Па добро: со сето ова, и покрај сето ова, нашиот „висок стил на живеење“ продолжува да биде исто толку шпански како и во античкото време, и не му треба автор на комедии и романи, со цел да ја зачува локалната и националната боја на своите ликови, барајќи ги под малите општествени слоеви, или одејќи по нив во националниот парк Батуекас, или на понепристапни, алпинистички и оддалечени места. | Entry #14194 — Discuss ![]()
|