- Имам еден предлог.
И се навали нанапред како мојата другарка Ејприл кога сака да каже некоја тајна, а впрочем ниедна од нејзините тајни не е вредна, ниту пак е тајна.
- Ако не кажеш на никој дека сум овде, ќе ти ги излекувам очите.
- А бе, бегај оттука!
Трепна неколку пати и рече:
- Тоа и планирам.
- Сакав да кажам дека не ти верувам дека можеш да го сториш тоа.
- Зошто да не можам?
- Па, никој друг не можеше да ми ги излекува очите, освен со очила.
- Јас имам посебни способности. Ќе прогледаш, само ако...
- ...Не кажам на никој за тебе?
- Тоа е поентата, тоа е суштината.
- Од кај да знам дека нема да ме ослепиш? Можеби си како оние од телемаркетинг
што ветуваат сешто, ама лажат-сушат.
И пак почна да зборува:
- Нема да сторам такво нешто на суштество што не ми сторило ништо лошо.
- Значи, ако ти направам нешто лошо, ќе ме ослепиш?
- Тоа е добро да се знае.
- А ако ми ги излекуваш очите и јас не кажам на никој, ќе си заминеш од нашите полиња?
- Тоа е поентата!...