[...]„ Да ти предложам нешто.” Се поднаведна нанапред како кога прави другарка ми Април кога сака да каже некоја тајна, иако тајните секогаш ѝ се лоши. Ако воопшто можат да се наречат тајни.
„ Ако не кажеш никому дека сум тука, ќе ти помогнам да прогледаш. “
“Замини од градот!”
Трепна неколку пати. „Тоа и го сакам.”
„Всушност сакам да ти кажам дека не смееш да го направиш тоа!”
„ Зошто да не?”
“ Па никој друг досега не бил способен да направи да гледам, освен со очила.”
“ Ме бива за многу работи. Ќе прогледаш, ako…”
“…ако не кажам никому за тебе?”
„ Тоа е најважно, во тоа е целата поента.“
„ Од каде да знам дека нема да ме ослепеш? Можеби си некој од оние телемаркетери кои само ветуваат, а се утепуваат од лажење.”
Почна да пафта со раката лево десно. “ Не би му направил такво нешто на суштество кое никогаш не ми наштетило.“
„ Значи, да ти наштетев можеше и да ме ослепеш?”
„ Тоа не можам да ти го кажам.”
„ А ако ми ги средиш очите и не кажам никому, ќе си заминеш?”
„ Во тоа е и поентата!” [...]